Охридското езеро во саботата на потегот од градска плажа- Мизо па се до хотелот Милениум „повраќаше“ шприцеви, шишенца,амбалажа од инсулин, таблети и друг медицински отпад.
Телевизија ТВМ со цел да дознае што се случува со езерото, зошто исфрла медицински отпад на брегот и како тој доспеал во неговите води стапи во контакт со Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и Државниот инспектор за животна средина и просторно планирање од Охрид ,Игор Трајкоски. Но место ние да добиеме информации од нив , излезе дека се затечени и дека информацијата за таквата состојба прв пат ја слушаат од нас.
За оваа грижа-негрижа за Охридското езеро дознајте повеќе во ТВМ Дневник во 17 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град