Гласајте за Охридското езеро – можеби ќе го прогласат за ново светско чудо

Македонските граѓани го избраа Охридското Езеро да ја претставува Македонија на светскиот избор за седум нови чуда на природата. До сега за него гласот го дале 300 интернет корисници.

 |  Тања Кувенџиска  | 

Охридското Езеро, заедно со Пелистерските очи и пештерите Врело кај Матка се природните убавини кои можеби ќе ја претставуваат Македонија на светскиот избор за седум нови чуда на природата. Тоа ќе зависи од бројот на освоени гласови на отворената интернет страница на светскиот избор на нови седум чуда    www.new7wonders.com.

Во тек е гласањето  за Охридското Езеро кое досега има освоено над 300 гласа. Наскоро на веб страницата ќе може да се гласа и за Пелистерските очи и за пештерите Врело. Гласањето ќе трае до 31-ви декември годинава.

За да влезе Охридското езеро во потесна конкуренција за избор на седум светски чуда, ќе мора да се пласира меѓу првите 77 предлози.
Трите природни убавини ќе конкурираат за светски чуда на предлог на  Македонскиот комитет за номинација, а со подршка на Министерството за економија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top