Од билатералниот секретарјат за Охридското езеро велат дека нема време за чекање
Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото.
Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на заедничка маса да бараат решенија за наталожените проблеми.
Паноски рече дека многу трибини се одржани токму на оваа тема, но оваа е поразлична затоа што ќе се барат решенија за проблемите со кои се соочуваме и истите ќе се достават до надлежните институции. Нема време за чекање, треба да се делува веднаш.
Уште пред десет години беше спроведен , а во 2004 год. и реалзиран Проектот за заштита на Охридското езеро. Тогаш се направи институционална заштита на билатерално ниво, се подигна јавната свест и се направи промоција на Охридското езеро. Осум години подоцна, вели Паноски имаме сериозен напад на овој природен воден басен, но од други аспекти кои со овој проект не беа предвидени и опфатени.Ги знаеме проблемите, а ги знаеме и решенијата, само прашање е на институционална и финансиска моќ за истите да се надминат, додаде тој.
Инаку оваа трибина денес беше организирана од страна на Билатералниот секретаријат за Охридското Езеро во соработка со Здружението на рекреативни риболовци „Свет Апостол Петар“ од Охрид, а повод за ваквиот собир е одбележувањето на светскиот ден за заштита на водите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град