Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов

„Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов“, вели директорот на хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
sostanok
состанок

„Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов“, вели директорот на хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски.

Денес оваа институција одржа јавна расправа за риболовните основи на Охридското езеро.

Јавната нацинална установа Хидробиолошкиот завод за сите природни езера во р Македонија и за одреден број вештачки акумулации од источниот дел на Македонија, денеска ја презентираа риболовната основа.

„Тенедерот за давање под концесија на природните езера не е поништен туку е само прекинат. Оваа јавна расправа треба да му помогне на министерството за шумарство и водостопанство да одбериме најправилни насоки за понатамошен спортски и стопански риболов на сите води“, вели директорот на хидробилошкиот институт Гоце Костоски.

sostanokСличен е ставот и на директорот на државниот инспекторат за земјоделство Ванчо Димитриев. Тој признава дека и покрај заштитата на езерото, нелегалниот излов на рибата е присутен.За три години имаме запленето над 5500 мрежи, а само за 6 месеци запленети се 2200 мрежи рече Димитриев.Ние инициравме состанок на министерско ниво со Албанија меѓутоа тие се повеќе покажуваат  заинтересираност за морето отколку за езерото

На прашање дали не е подобро со езерото да стопанисува општината, директорот на инспекторатот за земјоделство вели кога ќе се распише тендерот за концесија може да се јави и општината, зашто таа може и најдобро да се справува со проблемите поврзани со опстанокот на езерото. Димитриев истакна дека досега министерството немало добра соработка со локалната.Стопанскиот риболов да се дозволи само откако ќе се обнови рибниот фонд во езерото, предупредија и од спортско-риболовното друштво „Свети Апостол Петар“.

Нашите соговорници со став дека само со екипирање на силите ќе имаме поголем ефект, во заштитата на рибниот фонд во езерото.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top