Пронајдени момчињата кои се изгубија во Охридското Езеро

Рано утрово се пронајдени живи и здрави двете момчиња од Скопје, по кои цела вечер трагаше охридската полиција.

 |  Маленкова Татјана  | 
Ohridsko Ezero
Охридско Езеро

Припадниците на езерската полиција рано утрово во 04.10 минути живи и здрави ги пронајдоа двете момчиња кои синоќа околу 20.30 минути за исчезнати беа пријавени во полиција од страна на нивни другари. Акцијата која започна веднаш по пријавувањето  беше координирана со припадниците на капетанијата како и полициските службеници од Албанија, се извде во целото крајбрежје  од Охрид се до албанската страна.

„ Двете момчиња се пронајдени во 04.10 минути на копно кај црквата св Богородица Заумска. Она што претходеше на добро координираната и изведена акција за пронаоѓање беше пријавувањето во 20.20 минути од нивни другар ,а веднаш потоа и од друг пријател кој што ги забележал во водите на езерото како Ohridsko Ezeroсе движи неконтролирано нивниот гумен чамец. Од превземените мерки од страна на езерската полиција, констатирано е дека околу 19.00 часот двете момчиња влегле во езерото на висина од околу 150 метри над автокампот Елешец“, истакна портпаролот на СВР, м-р. Стефан Димовски.

Силниот ветер и големите бранови како и  подводни струи  гумениот чамец го однеле на околу 500 метри во висина над автокампот Елешец, по што очевидци забележале неконтролирано движење на чамецот во правец кон Св Наум. Дополнителен проблем на момчињата им предизвикал мракот, кога и тие и чамецот изчезнале од видик.

„Езерската полиција заедно со капетанијата излегуваат со два патролни чамци како и со бродот Галеб каде има уште една полициска екипа. Паралелно информирана е албанската страна која и со термо камери има извршено преглед на целото крајбрежје со цел пронаоѓање на чамецот на двете момчиња. Посебно е карактеристично дека двете момчиња немале мобилен телефон ниту друг уред за сигналиазација со кој би ја сигнализирале својата позиција во езерските води“, истакна Димовски.

Инаку ова е уште една акција на езерската полиција која резултира со позитивен исход благодарение на професионален пристап кон извршивање на полициските должности за пронаоѓање на исчеснатите лица. За потсетување на 9 мај имавме имаше слична акција за пронаоѓање на Унгарските кајакари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top