Од Центарот информираат дека досега немале случај на доброволно посетување.
Брачното советувалиште отворено во рамките на Центарот за социјални работи иако целосно функционално, досега посетено само по обврска со закон. И покрај бројката на разводи кои варираат од четириесетина до педесетина предмети, во ова брачно советувалиште, сепак се чини дека ваквиот тип на советување сеуште е табу тема за охриѓани.
„Доброволно доаѓање од страна на страните за надминување на тие проблеми нема. Приморани се согласно закон доколку имаат деца во бракот, за да се обидат да ги надминат тие ситуации, но доброволен пристап, немаме за жал од страна на граѓаните. Ние апелираме, и би било добро доколку имаме такви луѓе кои сакаат да се обидат да ги надминат проблемите, за да не дојде до крајот, а тоа е распуштање на брачната заедница, која нормално повлекува и други проблеми во однос на децата.“-вели директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши.
Каљоши вели дека во рамките на брачното советувалиште функционира максимално стручен и подготвен тим од двајца психолози, педагог, социјален работник и правник, кои треба да ги опфатат сите аспекти на брачно несогласување. Инаку ова брачно советувалиште, беше отворено уште во септември минатата година за сите брачни парови кои се соочуваат со брачни проблеми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град