Охридските ветерани маршираа за мир

Претставници на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, заедно со претставниците на Локалната самоуправа од Охрид и други истакнати преставници на општествениот и политичкиот живот од градов, со симболичен марш го одбележаа  21 септември Светскиот Ден на мирот.

 |  Голабовски Крсте  | 
borci
борци

„Да престанат војните, да престанат немирите, да запре татнежот на оружјето“. Ова беа само некои од пораките испратени кон светот од Градскиот плоштад во Охрид. Сојузот на борците, на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото,а по повод Светскиот ден на мирот. Охриѓани со став дека животот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово.

borci„Треба да го цениме и треба мирот да биде стално присутен меѓу нас и меѓу државите воопшто. Не само што го цениме, туку со самово присуство му даваме значење и вечно вака да ни биде убаво.Ние постарите, го славиме но треба малдите тоа да го разберат, а за да го разберат помладите, преку овие манифестации нешто ќе биде подобро“ велат охриѓани.

Никола Стефаноски претседателот на Сојузот на борци нa Охрид и Дебрца истакна дека „Сведоци сме како на овие наши балкански простори со векови се водат војни, затоа потребата за мир на нашите граѓани  е толку голема,дури поголема од  колку што можеме да сфатиме.

bista„Народот го цени тоа, но оние кои треба да бидат носители, кои треба да го обезбедат мирот во државата и кои на народот треба да му обезбедат благосостојба, веднаш мислам на политичките елити, штом тоа не успеаа во овие 20 години да го искоренат, значи не си ја исполнија задачата“ додава Стефаноски.

Инаку во 2001 година Генералното собрание на Обединетите нации донесе Резолуција со која се покануваат сите држави членки на Обединетите нации, регионални и невладини организации и индивидуи да го одбележат на соодветен начин Меѓународниот Ден на мирот, вклучувајќи ја тука воспитната и јавната свест, во иднина да се прославува 21 септември како Светски Ден на мирот и глобален прекин на огнот и насилството и истиот да претставува покана до сите нации и луѓе да го одбележат и да прекинат со насилствата за време на траењето на тој ден. Покрај богатата културно уметничка програма организирана на Градскиот плоштад, учесниците во маршот положија букети свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top