Охридските стопанственици со нова можност до европските фондови

Бизнисмените од Охрид имаат нова можност да користат средства од европските фондови во повеќе сектори. Досега, во регионов, од овие фондови се искористени најмногу средства во развој на прехранбената индустрија. Земјава во последните години има драстичен раст во користење средства од  Ипард програмите во разни дејности.

 |   | 

Охридските претприемачи може да користат средства од европските фондови за инвестирање во мали бизниси. За таа намена  на располагање им е мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од Ипард програмата.

Имаат можност да вложуваат во развој на нови производи во секторите билни екстракти, зачини, колачи, производи од овошје, како и отворање на нови капацитети за развој на туризмот и зачувување и промоција на традиционалните занаети, информира Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Денес, заинтересираните претприемачи имаа инфо средба со претставници од Агенцијата и беа информирани за условите и поволностите за користење средства.   

Програмата финансира неколку подсектори  меѓу кои најважен за општина Охрид е финансирање на руралниот туризам  т.е. изградба и адаптација на веќе постоечките сместувачки и угостителски објектки.Оваа мерка финансира и индустриски капацитети  во руралните средини, за производство на метал, керамика, пластика, дрво, сите индустриски и занаетчиски дејности, изградба на домови за стари лица, пчеларство, производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци – истакна Бачовски.

Од Ипард програмата, во охридско- струшкиот регион досега се искористени најмногу средства за развој на прехранбената индустрија. Во последните години се бележи драстична промена во искористување на средствата од европските фондови во разни сектори.

Претходно важевме за рекордери во неискористеност на ИПАРД програмата, а денес важиме за лидер во Западен Балкан. Средствата кои ние ги имаме искористено ги немаат искористено Албанија, Црна Гора и Србија заедно. Македонија е лидер во искористувањето на Ипард – додава Бачовски.

Во тек е јавниот повик од Агенцијата  кој ќе трае до 22 август. Ставени на располагање се околу 10 милиони евра. Расположливите средства по корисник се движат од 1.500 до 1.000.000 евра без вклучен ДДВ. Повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top