Со 8 000 садници македонски даб ќе се пошумува локалитетот Мауцкер во рамки на големата акција, Ден на дрвото – засади ја својата иднина. Од Локалната самоуправа на Охрид, повикаа сите охриѓани да се вклучат во акцијата, а дел од охридските советници засадија дрвца денес, во паркот пред споменикот Св Кирил и Методиј.
Сите заедно да бидеме креатори на поубав зелен свет и со тоа да дадеме допринос во градењето на чиста животна средина, порача заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој ги повика сите охриѓани утре 2ри декември среда да се вклучат во големата акција, Ден на дрвото – засади ја својата иднина, годинава под мотото „Сите заедно да засадиме успех“. Со учество во оваа акција инвестираме во самите себе си во градењето на подобра иднина.
„Во оваа прилика ќе потсетам дека сите оние кои што сакаат да го направат тоа ќе можат да го направат утре, организиран е автобуси превоз, имаме по еден автобус од пред Локалната самоуправа во 9 и 11 часот, а по два автобуси од пред средните училишта Св Климент Охридски, гимназија, пред ЕМУЦ и пред угостителското училиште. Овде ќе потсетам дека утре ќе се садат дрвца на неколку локации. Првата локација ќе биде на локалитетот Мауцкер каде што ќе се засадат околу 8 8000 дрвца македонски даб, другите локации се од потегот Билјанини извори до туристичката населба Св Стефан, понатаму од каналот Студенчишта до Хотел Парк, на влезот на Охрид и по ул Туристичка“ – вели Јанев.
Во паркот пред споменикот на браќата Св Кирил и Методиј, охридските советници уште денес засадија 5 дрвца од сортата „лагерстремија“ како најава на утрешната акција. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ истакна дека за Денот на дрвото имало дополнително побарување на садници.
„Имаме побарувања на садници од неколку училишта во градов и неколку болници. Ние излегуваме во пресрет и им даваме дел од нашиот расад“ – нагласи Скрческа.
Инаку, оваа годинешна есенска акција на засадување дрва во Македонија е 16 по ред. Како што е познато акцијата Ден на дрвото – засади ја својата иднина почна во 2008 год на иницијатива на граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град