Охридските советници задоволни од 2009 та година

Успешна година за охридските советници. И позиционите и опозиционите градски избраници годината што изминува ја сметаат за успешна.

vlez opshtina
влез општина

Успешна година за охридските советници. И позиционите и опозиционите градски избраници годината што изминува ја сметаат за успешна.

sovetnici„И убави и помалку убави нешта ја одбележаа 2009та, меѓутоа ги задоволив свите амбиции. Ќе се потрудам да ги запаметам само убавите, бидејќи во суштина јас сум голем оптимист“, вели советникот Томислав Тунтев. „На полето на мојата стручна едукација се случи 12ти март кога јас го одбранив докторатот, што ќе ми остане во трајно сеќавање затоа што тој ден јас се чувствував многу возвишено и одговорно. Големите радости во семејството се исто така моменти кои не се опишуваат со зборови, а исто така и на политички план радостите не изостанаа“, истакна Тунтев.

„Измината година во глобала ми донесе големо задоволство. Иницијативата за која три години лобирав, односно одобрување на проектот за „Управување со дримскиот басен“ конечно заживеа и профункционира, што за мене значи огромен успех. На политички план исто така беше успешна година, бидејќи добив мандат во советот каде се надевам дека ги реализирав своите замисли, а тоа секако дека ќе продолжам да го правам и во иднина“, вели советникот Дејан Пановски.

И Тунтев и Пановски, секој на свој специфичен начин, упатија честитки за успешна 2010 година.

„Да даде Господ она што Ви беше најубаво во 2009 та да ви биде најмалку убави во 2010 та година“, посака Томислав Тунтев.

„Најголемата желба до граѓаните во Охрид е здравје, успех, среќа, радост и во 2010 година која се надевам дека ќе ја помнат како уште подобра“, истакна Дејан Пановски.

Останува граѓаните на Охрид да се понадеваат дека ветеното, од страна барем на овие советници ќе допринесе во 2010та да имаат посреќни и поубави мигови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top