Охридските сообраќајници прекриени со ударни дупки

Охридските сообраќајници прекриени со ударни дупки. Мразот, снегот, а најповеќе солта која се фрлаше ги оштетија улиците . Од  Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта веќе распишале тендер за санирање ударни дупки. Од наредниов месец ќе се работи на терен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридските улици небезбедни за возење. Речиси да нема сообраќајница на која нема ударни дупки. Секојдневно се појавува и по некоја нова. Возачите се жалат дека ги оштетуваат возилата, а и ја загрозуваат безбедноста на пешаците. Ваквата состојба не е непозната за Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта. Нивните служби веќе биле на терен и ги детектирале оштетувањата на коловозите низ градов.

Тоа најмногу се должи на снегот и на ниските температури што ги имавме во изминатиот период, па и оние мали оштетувања кои до тогаш не беа видливи од мразот и од посипувањето со сол на коловозот предизвикаа поголеми оштетувања, вели Томе Нанески, од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта.

Веќе е распишан тендер за крпење ударни дупки и асфалтирање тесни улички. Се чека да измине законскиот рок, па да се започне со работа на терен.

Рачунаме некаде околу 20ти март дека ќе заврши тендерската постапка и од тој период ние ќе почниме да вршиме санација на тие ударни дупки. Приоритет ќе биде централното граско подрачје потоа ќе ги закрпиме и останатите дупки на периферијата, вели Нанески.

Есента од Одделението за комунален развој санираа повеќе улици низ градов, но неповолните времански услови зимава им направија дополнителна работа. Пролетниот период ќе биде искористен за градежни зафати, како туристичката сезона би ја дочекале подготвени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top