Лидија Стојановиќ од саботата е новата претседателка на охридскиот клуб на жени при СДСМ.
Лидија Стојановиќ од саботата е новата претседателка на охридскиот клуб на жени при СДСМ.
Taa ќе биде на оваа позиција на местото од досегашната претседателка Елизабета Русеска.
За Стојановиќ ова назначување е голема и одговорна задача.
Првиот човек на охридската партија на социјал демократите, Наум Јовановски истакнува дека со овој процес партијата целосно се консолидирала. Сега се подготвени за нови активности, нагласува Јованоски.
Додава дека клубот на жени е една од алките на општинската организација. Во повеќе наврати истакнувал дека активностите кои следеле во изминатите 7 месеци биле за реорганизарање и консолидирање на општинската органзиација, вклучувајќи го клубот на жените.
Инаку, при постапката за избор на претседател на клубот на жени од членството биле предложени две кандидатки. Со тајно гласање, Лидија Стојановиќ била избрана со 17 гласа „за“ од потребните 25. Овој избор на претседател се врши според Правилникот на клубот на жени на Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град