Со години недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува овие средини во стопанскиот и туристичкиот развој.
Со години недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува овие средини во стопанскиот и туристичкиот развој. До сега во селските населби изградените објекти беа на земјоделски површини, а не на гардежни па со урбанзиацијата ќе може да се понудат потенцијалите за развој на општината.
Инаку според член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во кој, во ставот 1 каде било утврдено дека: „Урбанистички план за село е урбанистички план кој се донесува за подрачје на населено место – село, утврдено со закон.“ Досега голем број села и тоа не самао во Охрид никогаш не биле урбанизирани со планска документација и тоа само како времена планска одредба.
Градоначалникот Константин Георгиески, заедно со претставници од Секторот за урбанизам, остварија средба со планерските куќи кои беа избрани на тендер за изработка на урбанистички планови за охридските села, Велгошти, Горно Лакочереј, Орман, Вапила, Љубаништа, Трпејца, Косел, Рамне, Сирула, Елшани, Лескоец, Опеница, Куратица, Лагадин, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Подмоље и Горно Коњско.
На средбата беше констатирано дека најефикасниот начин за борба против дивоградбите е носењето на Деталните урбанистички планови.
Заинтересираните граѓани и правни субјекти кој гравитираат во овие опфати, своите идеи и предлози ќе можат да ги достават до Секторот за урбанизам преку архивата на општина Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град