Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички

Ракометниот клуб Охрид утре има тешка задача. Треба да го победи Работнички и после двата претходни порази да застане на нозе. Ракометарите бараат подршка од охридската публика и навивачите на кои им ветуваат пласман на високите позиции во плејофот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички во 5-тата рунда од плејофот во Супер лигата.  После поразите со Макс Струмица и Прилеп ова ќе биде можност нашите ракометари да си ја вратат самодовербата и да се закитат со победа  освојувајќи го првиот бод во плејофот.

После двата неочакувани порази од Макс Струмица и Прилеп против Работнички немаме право за грешка. Не треба да се навраќаме на мечевите со Струмица и Прилеп, но мора да извлечеме позитивни поуки. Очекувам победа со Работнички и дека од овој натпревар ќе почнеме да играме онака како што знаеме. Им обеќавме на навивачите и на охридската публика пласман на високите позиции во плејофот и ќе направиме се да не ги разочараме, рече капитенот на екипата, Кирил Колев.

Во регуларниот дел од Супер лигата екипата на Охрид триумфираше на домашен терен, а на победа атакуваат и на првата средба во плејофот.

Работнички иако ќе биде ослабен со неиграњето на неколку стандардни првотимци, не е екипа што треба да ја потецнениме. Бодовите треба да ги освоиме на теренот, а не да ги вкалкулираме пред почетокот на мечот. Мора по секоја цена да победиме и да ја вратиме самодовербата пред мечевите кои не очекуваат во вториот дел од плејеофот, потенцираше средниот бек Горан Печенковски.

Натпреварот се игра в сабота во 19 и 30 часот во салата „Билјанини извори“, а цената на билетот изнесува 50 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top