Охридските ракометари ги очекува тежок натпревар викендов

Во петнаесетото коло на машката супер лига гладијаторите ќе се сретнат со тимот на ракометниот клуб „Струга“.

 |   | 

Сериозен предизвик за охридските ракометари. Викендов во петнаесеттото коло од Машката Супер Лига во езерското дерби, за противник ќе ја имаат екипата на ракометниот клуб „Струга“. Спортскиот директор на Р.К. Охрид се надева дека ќе бидат озбезбеден истит услови и за охридските навивачи, кои ќе сакаат да ги бодрат своите ракоемтни херои на езерското дерби.

„Уште од првото коло кажавме дека за нас секоја утакмица ја гледаме како финале и чекор по чекор одиме напред, а секоја прилика која ке ни се укаже, ке ја искориситме за да го постигнеме посакуваното плеј оф место. Обезбеден е еден дел од салата за нашите навивачи, да ја наречам обичната публика и се надевам дека ќе има голем број охриѓани кои ќе дојдат да не бодрат на натпреварот“, објасни Горан Недески – спортски директор Р.К. „Охрид“.

Во првиот натпревар од втората полусезона, овој пат на гости во Струга повторно ќе се одмерат силите со струшките ракометари. На првото езерско дерби гладијаторите се покажаа како подобри, но сепак стружани се за една добра екипа, што само по себе е гаранција за еден неизвесен и полн со возбуда натпревар во сабота, вели Крсте Андоноски, капитен на Р.К. „Охрид“. Капитенот вели дека се подготвени за предизвиците кои ќе ги носи овој дел од сезоната и дека повредени играчи нема.

„Одиме на победа на овој натпревар со што би ги задржале нашите шанси за плеј-оф, се до самиот финиш.Можам да кажам дека имавме многу добри подготовки, како на физички план, така и во уигравање на екипата“, рече Крсте Андоноски – капитен на Р.К. „Охрид“.

Охридската ракометна екипа, се засили со уште еден битолски ракометар. Станува збор за голманот Филип Ивановски, кој дојде на позајмица од составот на „Еурофарм Работник“.Ианку Ивановски потекнува од составот на Пелистер, а ги носеше дресовите на Металург и Вардар Јуниор, пред да се врати во Битола, но во дресот на „фармацевтите“.

„Се подготвуваме цела недела за овој натпревар, атмосферата во клубот е на едно високо ниво, интензитетот на тренинзи е исто така на едно високо ниво и сите со нетрпение го очекуваме натпреварот кој ќе следи во сабота. Се надевам дека со добра работа и добра координација со играчите дека ќе помине во најдобар ред и дека ќе имаме само позитивни резултати“ кажа Филип Ивановски – голман Р.К. „Охрид“.

Ивановски задоволен од условите за работа, вели дека охридскиот ракометен уште ќе расне во периодот кој доаѓа. Охриѓани имаа реални шанси да се изборат за место во плеј-офот од Суперлигата, но ќе имаат силна конкуренција во Пелистер, Пролет и Бутел Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top