• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските пензионери им пркосат на годините и постигнуваат одлични спортски резултати

Охридските пензионери им пркосат на годините и постигнуваат одлични спортски резултати

Денес се одржаа општинските пензионерски спортски натпревари. Најдобрите добија право за настап на регионалните спортски натпревари во Кичево.

 |  Мишел Наумоски  | 
sah penzioneri

 Фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, скокови во далечина, стрелање, пикадо и шах. Ова се само дел од спортските дисциплини во кои од година во година охридските пензионери покажуваат одлични резултати. Некои од нив и во поодминати години до ден денес спортуваат и се активни и им пркосат на своите години. Дел од пензионерите велат дека учеството на едни вакви натревари е една дружба која прави да се чувствуваат исполнето.

„Овие спортски игри, за нас пензионерите многу значат. Еден вид на дружење, разговор, се наоѓаме самите себе со своите пријатели, и се наоѓаме во својата средина, онаму каде што припаѓаме и тоа ни чини дека сеуште ние вредиме, нас друштвото не прифаќа, мисли на нас и со тоа се чувствуваме горди и среќни.“

„Еве трета година со ред во двобој трчање на 60 метри и ѓуле. Исто и жените се активни многу во Охрид и мило ми е, и треба да учествуваат, прво за себе, а после за здружението.“-рекоа дел од пензионерите.

Атлетиката е доста важен спорт, особено трчањето, фрлањето ѓуле и скокањето, но ако се тренира редовно не претставува непремостлива тешкотија-вели Миле Христоски-претседател на комисијата за спорт во Здружението на пензионери.

atletika penzioneriТој како поранешен професор по физичка култура, вели дека здравствениот аспект на физичката активност и тоа како е важна за пензионерите, особено за оние во поодминати години.

„Јас можам по себе да кажам дека благодет е на душата ако се работи, сигурно дека ќе се продолжи и животот, ќе се продолжат и оние функционално-анатомски квалификации, и воопшто она што е неопходно за организмот и јас би препорачал на сите пензионери да учествуваат ако ништо друго барем рекреативно да го одржуваат својот организам.“-вели Миле Христоски-претседател на комисијата за спорт.

Најдобрите учесници во сите единаесет дисциплини со постигнатите резултати обезбедија пласман и право за учество на регионалните пензионерски натпревари кои во месец јуни треба да се одржат во Кичево. Инаку, салонските дисциплини како шахот и пикадото се одржуваа во просториите на здружението, додека натпреварите во атлетика се одржаа на спортскиот центар „Билјанини извори“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top