Охридските основни училишта со различни искуства за собирните акции

Основните училишта во Охрид со различни искуства при организирање на доброволни собирни акции. Дел од училиштата имале случаи на злоупотреба, некои ги избегнуваат поради одредени недоразбирања со родители, додека пак во некои училишта успешно се спроведуваат вакви акции.

 |  Николоска Биљана  | 

Доброволните собирни акции на парични средства за разни потреби во охридските основни училишта редуцирани и со строги критериуми. Најчесто акции се организираат за потребите на учениците од социјално ранливите категории кои учат во истото училиште. Како што пренесе Јордан Пуроски директорот на ОУ „Св Климент Охридски“ , собирни акции од типот прибирање финансиски средства за изведување на некој оперативен зафат во и надвор од земјава имаат 1 до 2 во текот на школската година, но доколку има потреба да бидат собрани средства за ученик кој не учи во нивното школо тоа го прават со посебна постапка.

„Тоа се прави, а што не е од нашето училиште најчесто се бара соодветна документација и за тоа е задолжено лице кое пак е задолжено за соработка и односи со Црвениот крст каде што ги разгледуваат тие документи и најчесто со соопштение преку класните раководители им се чита жиро сметка и најчесто покрај жиро сметка помалку уплаќаат, но доколку имаат донациски телефонски број се јавуваат и донираат 100 денари –вели Пуроски.

Пуроски информира дека покрај ваквите акции, континуирано се изведуваат и акции за собирање облека, обувки и прехрамбени продукти. Хуманитарни акции се организираат и во останатите ОУ. Како што информира Тони Симоноски директорот на  „Христо Узунов“ и во нивното училиште  се реализирале собирни акции од различен карактер во зависност од потребите на учениците од социјално ранливите категории.

„Во првото полугодие имавме две собирни акции, наменети за наши ученици. Едната беше за операција во Турција, другата за операција во Германија. Исто така имаме акции за донирање на облека и обувки во кои се вклучени наставниот кадар и родителите. На почетокот на учебната година поделивме поголем број ранци и училишен прибор на учениците кои што не можат да си го дозволат тоа. Во минатото сме организирале многу акции се во координација со Црвениот Крст од Охрид. Такви беа големите акции за кои добивме пофалница како најхумано училиште во општните, за акциите за поплавите во Босна и херцеговина, Србија и Македонија “ – изјави Симоноски.

Во ОУ „Григор Прличев“ пак, како што информираше директорката Силвија Мојсоска, најчесто ги избегнувале собирните акции, поради одредени недоразбирања со родителите. Таа рече дека ги подржувале акциите кои биле на иницијатива на учениците и тоа најчесто го правеле во соработка со ОО на Црвен Крст. Слична е состојбата и во ОУ „Братство Единство“. Таму пак поради злоупотреба која се случила во изминатите години со одлука на ниво на училиштето биле дозволени собирните акции кои се организираат исклучително преку Црвениот крст. Додка пак останатите хуманитарни акции каде се донира облека, обувки и прехрамбени производи тековно се одвиваат и во овие школи. Она што е најважно а што во суштина претставува и заеднички став на директорите од охридските основни училишта е дека сите акции се организираат преку советот на родители, кои имаат посебна сметка и од неа се трансферираат на потребната адреса. Не ретко средствата од собирните акции се распеределуваат на деца од социјално ранливите категории и за училишните екскурзии, информираат менаџерските тимови на школите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top