Охридските обложувалници од утре стартуваат со работа

Граѓаните со поделени мислења околу отворањето на обложувалниците. Само во центарот на Охрид има десеттина вакви објекти кои се подготвуваат за шалтерско работење без нудење и угостителски услуги.

 |  Соња Рилковска  | 

Спортските обложувалници се подготвуваат за работа.  Се чистат и дезинфицираат објектите, се прилгодуваат за шалтерски систем , согласно препораките. Од охридските обложувалници велат од утре ќе стартуваат со работа.

По малку загрижени,  заради малкуте спортски настани  поради пандемијата,   но сепак очекуваат се` набрзо да  се врати во нормала.  За почеток  во игра ќе бидат  натпреварите од Белорусија, но се очекува  на сцена да се врати и  германската  Бундес лига.

Граѓаните  со поделени мислења. На некои им недостига  спортското ливче  и адрееналинот додека се гледа  натпреварот, додека други се против отворање на  обложувалниците.

-„Би требало да се отворат, инаку народот пати многу. Да се отворат  многу добро е“, вели еден охриѓанец.

„Мене не ми недостига,  нека играат младите. Ама што ќе играат уште не се почнати никаде натпревари“, вели граѓанин.

-„Викаат дека ќе се отворат,  но нема потреба да се отворат за нас не ни  треба. Никаква кладилница времето не е за кладилница не е ни за коцка за ништо не е“, вели еден граѓанин.

-Кладилниците не знам владата знае. За ливче не играм јас за спортска занимација не играм по калдилниците“, вели  друг граѓанин.

Само во центарот на Охрид има десетина обложувалници. Остануваат на сила   мерките  за заштита кои предвидуваат задолжително регулирање на влезот во објектот. Нема седење во затворениот простор ниту групирање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top