Охридските матуранти од хотел на плоштад

Околу 300 охридски матуранти од општинското средно Училиште „Св. Климент Охридски“, точно напладне беа дел од матурската парада која се одржа во 70-тина градови во Европа. Тие по четврти пат го танцуваа квадрилот од Штраусовата опера  „Лилјакот”.

 |  Валентина Неловска  | 
kvadril
квадрил

kvadrilОколу 300 охридски матуранти од општинското средно Училиште „Св. Климент Охридски“, точно напладне беа дел од матурската парада која се одржа во 70-тина градови во Европа. Тие по четврти пат го танцуваа квадрилот од Штраусовата опера  „Лилјакот”. Матурантите ја прославија својата зрелост на охридскиот плоштад под водство на професорката по физичко воспитување Соња Думбалова Делова.              
„Интензивно работевме три недели и горда сум што денес учениците успешно го изведоа танцот,  ја покажаа својата зрелост и достојно го презентираа својот град и земја“, истакна Думбалова Делова.
Учесниците на манифестацијата „Матурска парада“ иако синоќа ја славеа својата матура, од хотел дојдоа на плоштад,  и  пред своите блиски и сограѓани ја исполнаа својата обврска. Со тоа не ја прекинаа 4-годишната традиција со танц да ја одбележат матурската прослава. Иако уморни од синоќешната прослава смогнаа сили од скриената младешка енергија за успешно да го изведат танцот и матурската парада.
На десеттина минути пред  да се означи стартот на парадата, пред матурантите  обраќање имаа градоначалниците во сите европски градови. Кон нив се приклучи и охридскиот градоначалник Александар Петрески.Тој  се обрати пред матурантите истакнувајќи дека Охрид од нив очекува да се вратат како академски граѓани кои ќе продолжат да творат во својот град. Им порача и покрај сериозните обврски кои им престојат да најдат време и да уживаат во нивната младост. Квадрилот трае осум минути, а „Матурската парада“ е истовремено играње на танцот  од Штраусовата опера „Лилјакот“ и се игра во четири слики: Панталон, Ете, Пасторел и Финале.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top