Охридските коледарчиња го најавија Христовото раѓање

Околу 250 дечиња денес, на Бадник, го најавија Христовото раѓање. Ниските температури не ги спречија дечињата и оваа 2017 година масовно да учествуваат на Бадниковата литија која се одржува по четврти пат во Охрид. Тие на градскиот плоштад беа пречекани од организаторите и беа дарувани со пакетчиња.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Традиционално и годинава во Охрид се одржа Бадниковата литија. Студеното време не беше пречка пријавените учесници да ја следат поворката која тргна од пред црквата Св.Ѓоргија. На градскиот плоштад каде што беше поставена Бадниковата пештера, децата беа пречекани од претставници на Советот на општина Охрид, пратениците од ВМРО – ДПМНЕ како и од директорите на ЈП. Претседателката на советот Гордана Коњаноска истакна дека денешниот христијански празник го најавија околу 250 дечиња пеејќи ја песната Вечниот Бог низ охридските улици.

„Ние секако го живееме животот на нашите граѓани како Локална самоуправа ова е празник кој што најголем дел од жителите на Охрид го чествуваат и празнуваат и ние се приклучуваме на секој можен начин кон она што значи одбележување на значајни празници во градот. Оваа можност ја користам да го честитам празникот на сите православни христијани да им посакам здравје и хармонија во домот и општеството и личен мир и Божја заштита на верниците“.

Задоволство од големиот одзив на дечињата изразија и од организациониот одбор на Бадниковата литија кои неуморно неколку денови наназад се подготвуваа за денешниот голем христијански празник Бадник.

„Децата добија пакетчиња на плоштадот, но верувајте дека најголемиот и најскапоцениот дар денеска не само децата и ние возрасните го добивме од Бог Исус Христос што ни дари љубов, радост и насмевки на лицата“

Инаку, нашиот град е еден од првите градови кои ја возобновија оваа старо – нова традиција за Бадниковата литија, а годинава овој настан се одбележа по 4 пат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top