• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Хотели, приватни станоиздавачи од мал обем од Охрид и од Струга ги отворија своите капацитети за настраданите од соседна Албанија. Во разорниот земјотрес многу од жителите останаа без покрив над глава, бидејќи нивните домови беа срушени. Семејства од Драч и околината уште утрото по стравотниот земјотрес од 6,4 степени се упатиле кон Македонија и побарале засолниште сместувајќи се во хотели во Охрид и Струга. Хотелиерите велат дека постојано пристигнуваат резервации од Албанија, од Драч и Тирана каде тлото не мирува.
За да им излезат во пресрет на жителите од соседството од здружението на хотелиери ХОТАМ информираат дека ги намалиле цените на пакетите за ноќевања и храна за 50 % .

Пo катастрофалниот земјотрес кој што беше минатото деноноќие во Драч, во Албанија добивме неколку резервации преку букинг, преку наши партнери за албански фамилии кои имаат престој од четири- пет дена во хотелов што е прилично невообичаено за месец ноември па тоа го поврзуваме со земјотресот. Со гостите немаме разговарано, но претпоставуваме дека се работи за гости кои што бараат засолниште во Македонија, вели Ана Јанчева Дудановска, менаџер на хотел Дрим.

Стопанствениците од Охрид и Струга како први соседи понудија засолниште на жителите од погодените подрачја. Таков е примерот со охридскиот хотел Мизо и Извиднички центар. Транспортни компании нудат и бесплатен превоз Македонија – Албанија.
По силниот земјотрес кој вчераутро ја погоди Албанија, продолжува потрагата по преживеаните но за жал, расте и црниот биланс. Според последните бројки загинале 29 лица.
Не престануваат и афтершоковите. Денес за само неколку часови регистрирани десетина а од вчера околу 500 помали потреси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top