Оваа едукативна активност за нив ја подготви Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со претставниците од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.
Како да се зачува сопствената безбедност, кои се прописите и правилата кои гарантираат безбедно учество во сообраќајот, како да се внимава и на останатите учесници во сообраќајот. Ова се само дел од сознанијата кои денес ги добија средношколците од охридската гимназија на интерактивниот час кој за нив го подготвија Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во соработка со полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Еве што тие научија:
“На овој едукативен час учевме за безбедноста во сообраќајот, пред се како да ги почитуваме сообраќајните знаци, како да се однесуваме на коловозот и слично. Пред се јас немам возачка, ова ќе ми треба кога ќе полагам бидеќи сето ова треба да го имаш на ум.”-вели Илија Аврамоски, ученик во гимназијата “Св.Климент Охридски”-
Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, вели дека интензивно вложуваат и максимално се залагаат за едукација на најмладите како најранлива категорија учесници во сообраќајот.
“Едукативните часови се една форма низ која што ние како општински совет сакаме да делуваме врз подигањето на безбедносната култура кај младите, врз осознавањето на сообраќајните правила и прописи, за начинот на кој што треба да се однесуваат во сообраќајот како пешаци, возачи на моторни возила, возачи на мотоциклисти, на кој начин да го постигнат степенот посакуван за безбедност, лична безбедност, но и да внимаваат и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. На овој начин исто така сакаме да го постигнеме ефектот на подигнување на свеста и совеста кај најмладите за одговорно и совесно однесување во сообраќајот и за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи.”-рече Димоски.
Општинскиот совет не застанува тука со своите активности во насока на подигање на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Оваа нивна едукативна активност продолжува веќе утре во основното училиште “Григор Прличев”, а вакви часови ќе бидат организирани и понатаму во останатите образовни центри во градот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град