Под мотото „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“ лицата со ретки болести повикуваат на поддршка. Годинава Светскиот ден на ретките болести 28 февруари, се одбележува со повеќе активности, за чија што организација е одговорна нашата сограѓанка Гордана Лолеска, активист на здружението „Живот со предизвици“. Социјалните мрежи деновиве се обоени со постови на лица кои ги ставија боите на ретки болести, а кон акцијата се приклучија голем број основци, средношколци, граѓани и институции од градов.
Охридските гимназијалци и основци се обоија во боите на реткоста. Деновивие учениците преку бројни активности, изработка на постери, обојување на лицето, и училишните ѕидови, испраќање на пораки, дадоа поддршка за заедницата на Ретките болести. Со тоа тие станаа дел од интернет кампањата за поддршка на лицата со ретки болести. Директорката Весна Цветкоска истакна дека со задоволство гимназијата заедно со наставниот кадар и учениците дале свој придонес , а исто така најави дека голем број на ученицитеќе учествуваат и на традиционалната трка која ќе се одржи на 28 февруари.
„Нашето училиште се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести, малку и за подигнување на јавната свест кај граѓаните, запознавање, да се обрне малку внимание на ретките болести, така да се вклучивме во активности заедно со професорката Катерина Слатинова. Децата го прифатија овој предизвик и од прва втора и трета година има деца кои сакаат активно да земат учество, и нормално дека преку овие активности и тие се запознаваат со ретките болести“
Свои креативни активност за одбележувањето на светскиот ден на ретките болести покажаа и основците од „Христо Узунов“. Директорката Оливија Пирузева Јанева вели дека хуманоста кај децата нема граница, а тоа и овој пат го покажале преку своите активности.
„Училиштето масовно и оваа година е вклучено и тоа се гледа голема желба и волја кај децата да се вклучат во кампањата со што ја покажуваат својата поддршка кон дечињата со ретки болести и всушност се покажува дека овие дечиња се грижат за лицата со ретки болести“
Инаку, социјалните мрежи деновиве се обоени со постови на лица кои ги ставија боите на ретки болести, а кон акцијата покрај основците и средношколците од градов се приклучија и голем број, граѓани и институции. Годинешното мото на Светскиот ден за ретките болести е „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“ . Иницијаторот и организатор на активностите Гордана Лолеска, вели дека преку ова мото лицата со ретки болести повикуваат на поддршка. Лолеска за ТВМ кажа дека посебно е задоволна што наишла на огромна подршка од страна на охриѓани и дека секој миг и се јавуваат лица кои што сакаат да бидат дел од одбележувањето. Таа исто така посочи дека активностите за светскиот ден на ретки болести се одвиваат во сите градови во Македонија, но смета дека најголем е одзивот кај охриѓани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град