Охридските чинари конечно ќе бидат заштитени

Започнува проектот за ревалоризација и ревитализација на чинарите во градов. Локалната ангажира фирма која ќе се погрижи за нивната заштита. Проектот треба да заврши до наесен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридските чинари конечно ќе бидат заштитени. Локалната изготви проект за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мотироинг и конзерваторски мерки за санација на чинарите кои се заштитен знак на Охрид. Тендерот го доби Друштвото за еколошки консалтинг Деконс-Емо од Скопје.

Знаете дека подолго време траеше таа сага околу чинарите но тоа беше поради нејаснотии околу ингеренциите кој треба ад се грижи за дрвата. Конечно имаме едно поаѓалиште за заштита на овие дрва и се надеваме дека се ќе заврши како што треба, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локална самоуправа.

Предвидени проектни активности се преглед, анализа и селекција на стручни материјали за платановите стебла, теренски увиди за утврдување на состојбата на стеблата и изработка на фотодокументација, изработка на нацрт-текст на Елаборатот за ревалоризација на платоновите стебла, изработка на конечна верзија на елаборатот како и спроведување на мониторинг на состојбата со стеблата и предлог конзерваторски мерки. Со овај проект се опфатени чинарот на плоштадот „Крушевска република“, Чинарот на крстосницата на ул. „ Гоце Делчев“ и ул. „Абас Емин“, чинарот на пресекот на ул. „Гоце Делчев“ со улица „Бистрица“, две стебла чинар пред просториите на Црвен крст, едно стебло чинар на крстосницата на ул. „Јане Сандански“ со бул. „Туристичка3, чинарот кај горна влашка маала и кочеџикот во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта.

Верувам дека со ова ќе ставиме крај на уништувањето на овие значајни дрва и ќе отпочнеме со зштита на истите . Активностите ќе започнат веднаш по потпишувањето на договорот, а тоа треба да се случи деновиве, вели Џамтоски.

Овој проект би требало да заврши до наесен и чини околу 540 000 ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top