Охридските автори го добиваат заслуженото место

Охридските автори се повеќе се афирмираат во библиотеката „Григор Прличев“. Им се доделуваат и благодарници и звање почесен член на библиотеката. Деновиве ова звање го доби писателот Коста Фортомар. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридските автори го добиваат заслуженото место помеѓу делата во библиотеката „Григор Прличев“. Во оваа национална установа од нејзиното основање постои катче на роднокрајни автори, но во последно време се прават напори што повеќе да се афирмираат истите и да се запознаат граѓаните со нивното творештво. Во библиотеката има еден до два примероци од секоја книга која е издадена во Македонија, а е од роднокрајните автори. Застапени се околу 80тина кои пред се пишуваат поезија и проза и во нив не влегуваат оние кои пишувале стручна литература или научни трудови.

Треба на пиедесталот да се стават родокрајните автори бидејќи од нив учиме, во нивните дела се зборува за Охрид, за минатото на градот, за личностите, историјата, вели Милчо Јованоски од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Во библиотеката редовно ги одбележуваат годишнините на позначајните охридски автори како Григор Прличев, Кузман Шапкарев, организираат средби со литературните творци како што е др Миле Мичуновиќ. Од пред една година започна и проектот за одбележување на месецот кога се родени авторите. По тој повод во библиотеката се организираат читања на нивните дела. Новитет е и доделувањето на благодарници на автори кои вложиле труд за валоризација на Охрид. Тие добиваат звање почесен член на библиотеката Григор Прличев.

Досега единаесет значајни личности од Охрид, но и од Македонија ја имаат добиено оваа благодарница. Деновиве тоа се случи со писателот Коста Фортомар, претходно Смиле Наумоски, Славе Ѓорго Димоски, Видое Видически. Се трудиме да ги опфатиме сите и секој да си го најде своето место ва рамки на библиотеката, вели Јованоски.

Маринела Јовановиќ и Наде Филева, кои биле вработени во библиотеката направиле еден мал лексикон во кој се опфатени темите и луѓето кои потекнуваат од Охрид и охридско или пак твореле тука до 90тите години. Планирано е да се направи таков лексикон кој ќе ги опфати авторите кои твореле од 90тите па до денес. Се покануваат сите роднокрајни автори кои создале дела а кои не се издадени од библиотеката, да се пријават како би можеле да станат дел од оваа збирка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top