Охридските акцијаши најдобри на големата акција за чистење, „Скопје на дланка“. Во оваа акција организирана по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје на која учествуваа уште 200 акцијаши од поранешните југословенски републики. Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, денес ги прими акцијашите и за постигнатите успеси им додели благодарници со надеж дека во иднина активно ќе се вклучуваат и во секоја акција за чистење на Охрид.
Aкцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“прогласени за најдобри меѓу акцијашите од поранешна Југославија. Тие од 22 до 29 јули учествуваа во големата акција за чистење, „Скопје на дланка“, организирана по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје на која учествуваа уште 200 акцијаши од поранешните југословенски републики. Во еднонеделниот престој во Скопје тие ја расчистуваа населбата „Автокоманда“ односно студентскиот дом „Стив Наумов“ и просторот кај шумарскиот факултет.
Впечатоците ни се прекрасни. Ние сме среќни поради сите тие пријателства кои ги стекнавме во изминатиот период, а се здобивме и со многу вредности како личности. Разделбата ни беше најтешка, имаше многу солзи и прегратки, но бидејќи секој крај значи нов почеток ние со нетрпение ја очекуваме наредната акција, вели Теа Петкоска-Здружение „Брег на младоста“.
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, денес ги прими акцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“ и за постигнатите успеси им додели благодарници со надеж дека во иднина активно ќе се вклучуваат и во секоја акција за чистење на Охрид.
Голема благодарност до општина Охрид, но и до сите спонзори кои не подржуваа во изминатиов период. Многу сме задоволни и среќни што сеуште има луѓе што знаат што е тоа акцијаштво и го имаат тој акцијашки дух во себе па ни помагаат за сите акции кои беа досега, а и оние кои доаѓаат, вели Петкоска.
Градоначалникот кажа дека доколку здружението навреме достави барање со предвидените активности до општина Охрид, од буџетот ќе бидат издвоени средства за подршка на ова акцијашко здружение. Стојаноски вети дека во иднина ќе се заложи и за решавање на просторниот проблем на здружението доколку неговите членови пред почетокот на наредната летна туристичка сезона спроведат голема акција за чистење на Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град