Охридскиот регион преставен на академијата на УНЕСКО

На Академијата за одржлив развој во УНЕСКО подрачја , што се одржува  во Торино, Италија, во кампот на ОН , беше преставен Охридскиот регион со две презентации за планот за управување со културното и природното наследство и за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид / Преспа.

 |  Голабовски Крсте  | 
panoski

panoskiНа Академијата за одржлив развој во УНЕСКО подрачја , што се одржува  во Торино, Италија, во кампот на ОН , беше преставен Охридскиот регион со две презентации за планот за управување со културното и природното наследство и за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид / Преспа.

Покрај презентираните активности на Охридскиот регион од почетокот до сегашната ситуација, од страна на М-р Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство  изнесена беше потребата за зачувувањео на шавтентичноста и за конзервација на културните вредности при што во контекст на развојот и иднината треба јасно да знаеме што всушност сакаме.

unОд аспект на природното богатство преставникот Дејан Пановски укажа на  уникатноста, пејсажните и ендемичните вредности на охридскиот регион посочувајќи дека економскиот развој не смее да биде на штета на природните и културните вредности затоа што средно и долгорочно загубите за регионот би биле многу поголеми отколку добивката.

“Ние во охридскиот регион имаме статус на културно заштитено наследство , статус на природно заштитено наследство и статус на Биосферен резерват на УНЕСКО, што е единствен пример во светот. Моделот за економски развој во вакво подрачје е туристичко искористување на тие вредности плус духовните и гастрономските вредности. Се друго ќе значи загуба на уникатноста и непрепознатливост за светскиот туристички интерес кој денес бара автентичност и зачувани вредности. Решенијата треба да се бараат во правилно зонирањето на просторот, во оценката на влијание врз животната средина и преку инволвирање на заедницата во планирачките процеси”, посочи Паноски.

На оваа академија учествуваат преставници од заштитени подрачја на УНЕСКО од Мексико, Хондурас, Никарагва, Колумбија, Европските земји, Казахстан, Оман, Лесото, Кенија и други. Македонија има два преставници од областа култура и областа природа како фокал поинти во Националната комисија на УНЕСКО на РМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top