• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридскиот кардиохирург Марјан Шокаровски дел од првата трансплантација на срце во македонското здравство

Охридскиот кардиохирург Марјан Шокаровски дел од првата трансплантација на срце во македонското здравство

 Дел од мешаниот тим на хирурзи од јавното и приватното здравство кој успешно го спроведе овој зафат прв од тој вид во Македонија е и кардиохирургот Марјан Шокаровски од Охрид.

 |   | 

Историски успех на македонското здравство. После 6-часовна операција, рано утринава на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент успешно му било трансплантирано срце. Станува збор за првата кадаверична трансплантација на срце во нашата земја, односно трансплантација од починат донор.

 Дел од мешаниот тим на хирурзи од јавното и приватното здравство кој успешно го спроведе овој зафат прв од тој вид во Македонија е и кардиохирургот д-р Марјан Шокаровски од Охрид.


Д-р Шокаровски за ТВМ вели : „Кога се губи живот, најблагородна работа која може да се направи е да се донира за да се спасат други животи. Потребна е храброст и семејствата на починатите кои се одлучуваат на тој чекор се вистинските херои. “

„Ова е голем настан за секој хирург но уште поважно за пациентот. Емоциите не се слегнати. Се’уште трае возбудата. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција која бара предходно огромна организација но доаѓа наеднаш, ад хок и хирургот мора да биде подготвен во секој момент да влезе во сала и да изврши една таква операција. Кај нас не се знае кога ќе има донор. Мал е бројот на семејствата кои се одлучуваат по смртта на блиските да дозволат донирање органи, посебно кога станува збор за срце. “ – изјави за ТВМ д-р Шокаровски.
Првата етапа е успешна , пациентот е стабилен. Следуваат уште неколку етапи. Ние сме оптимисти и одиме чекор по чекор, додава тој.

Во Македонија, во моментов има околу 30 лица кои се на листа на кои им е неоходна трансплантација на срце. Но има многу повеќе наши сограѓани со срцева слабост , околу 100тина за кои трансплантација е најдоброто решение за нивниот здравствен проблем и истите да можат да имаат квалитетн живот, посочува д-р Шокаровски.

Д-р Марјан Шокаровски работеше и на трансплантацијата на срцето и претходно на експлантацијата на срцето на починатата пациентка. 43 годишниот кардиохирург пред оваа која ќе остане запаметена во македонското здравство има уште 5 други операции.

Министерот за здравство,  Венко Филипче денеска во државната клиника за кардиохирургија го посети пациентот кому му беше направена трансплантација на срце и јавно се заблагодари на лекарите од јавното и приватно здравство, на медицинските сестри, координаторите и сите кои тимски ја направија трансплантацијата“

Трансплантацијата на срцето ја работеле докторите Сашко Јовев и Жан Митрев заедно со докторите Васил Папестиев, Марјан Шокаровски, Ванѓел Здравески,  Кјутим Џелили, Тања Анѓушева, Никола Христов, Стефанија Хаџиевска, докторка Надица Мехмедовиќ, Весна Миташова,Јасмина Илиевска,  Марија Гераковска и Димче Славевски.
Претходно експлантацијата на срцето на починатата пациентка ја извршиле докторите  Марјан Шокаровски, Александар Колевски и Александар Николиќ.
Целиот процес, во координација со министерот Филипче, беше воден од страна на националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, која со својот тим:  Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направиле сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top