Уметничките слики на кои е прикажан Чинарот и сите негови возвишувања и падови до 03 август во Уранија.
Охридскиот Чинар – сите негови возвишувања и падови пред охриѓани благодарение на уметничката четка на Охридскиот реномиран уметник Славко Упевче. Синоќа во Куќата на Уранија беше отворена изложбата Научна и уметничка визита 2013 „Охридскиот чинар“, во организација на академскиот сликар Упевче, Македонската академија на науките и уметностите и охридскиот книжевен и научен центар „Уранија“.
„Изложени се 10 слики во периодот од околу 40 – 50 години, но бројот на слики со мотиви од Чинарот кои се низ целиот свет е уште поголем. Со оглед на близината на мојата куќа и моето атеље кои се веднаш до Чинарот, кој е еден Стожер на градот, еден центар каде се се случувало и се се одвивало ми претсавуваше една загатка, а и еден мотив да можам постојано да го работам да го гледам со свои очи и да бидам сведок на сите негови падови и издигнувања“, вели иметникот, Славко Упевче.
Упевче се сеќава дека првото паѓање на Чинарот било во 1981 година од снегот наталожен на неговите гранки, второт паѓање во август 2002 год. Поради силен јужен ветар, а последното распукување беше зимава поради снег, за што скрешените гранки сеуште стојат како сведоци на нашата негрижа кон Чинарот, вели Упевче.
Увевче открива дека Чинарот го сликал во повеќе техники, но најмногу во пастел и гваш, затоа што со овие техники како што вели уметникот се најдобри за задоловување на амбиентот и стуктурата на ова 1000 годишно дрво. Упевче признава дека и покрај тоа што станува и легнува со поглед на Чинарот, над 40 години го работи, а сепак има уште да истражува. Упевче е еден од ретките уметници кои сликаат исклучиво Охридски мотиви, за што вели дека е горд.
„Мислам дека Охрид има толку многу делови кои треба да се сликаат тоа е една богата ризница која само чека некој да ја отвори и да ја сработи. Тоа тлееше кај мене. Сведок сум на неговото пропаѓање сите овие години и мислев дека сепак ќе се најде некој начин ова свето дрво кое по легендата го засадил Св Климент Охридски и кое е корен на славјаството во Македонија ќе најде едно соодветен третман да се заштито како што заслужува“, вели охридскиот уметник.
Славко Упевче е роден во 1951-ва година во Охрид. Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје, во класата на проф. Рубенс Корубин. Член е на Друштво на ликовните уметници на Македонија. Со самостојни изложби до сега се претставил низ Македонија, Бугарија, Србија, Хрватка, Словенија, како и на повеќе групни ликовни изложби и колонии во Европа и Америка. Неговите дела се наоѓаат во збирка на сите континенти.
Изложбата е отворена до 03 август.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град