Охридскиот бисер заштитен бренд на Македонија

Охридскиот бисер заштитен бренд на Македонија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
biser
biser

Охридскиот бисер стана заштитен бренд на Македонија. Со тоа се става крај на злоупотребите некои  трговци да им подметнуваат на купувачите  копии, а не  оргинални бисери. На овој чекор се одлучија семејствата Филеви и Талеви кои се единствените охридски семејства кои ја имаат тајната рецепта за правење на Охридскиот бисер. Формирале Здружение, направиле Елаборат преку Технолошко- метaлуршкиот факултет и и покажале на државата како го произведуваат, раскажува Михајло Филев.   
слика
„ Врз основа на тој елаборат,  Заводот за заштита на индустриско стопанство ни додели трговски марки. Посебно на семејството Филеви и Талеви бидејќи ги иполнуваат тие норми, ја знаат рецептата и според тоа само ние ги исполнуваме условите за производство на Охридски бисер. Називот Охридски бисер го заштитивме како географски поим, Заводот за индустриска сопственост и заштита ни додели маркици за Охридскиот бисер како географски поим со географска одредница и Лисабонска декларација  која ги заштитува сите брендови на меѓународно  ниво. Во странство каде што ќе се појави Охридски бисер да може да се регистрира преку институциите на државата да се затворат дивите продавачи“, напоменува Филев.  

 

бисериНие немаме ништо против и не сакаме трговците да ги затворат дуќаните, вели продолжувачот на семејната  традиција Михајло Филев. Напротив нека  продваат бисери со декларација од каде што ги набавуваат, кинески или јапонски, нека работат само сакаме да не го злоупотребуваат брендот Охридски бисер, додава Филев.

„Некој ќе праша зошто  не оди инспекција на терен. Законот налага ние лично да пријавиме дека се злоупотребува брендот. Ова е мал град сите сме роднини и пријатели, сега не сакаме да наштетиме никому, одиме не свест  да сфатат луѓето дека  патентот и прозиводот се кај нас и секако правата рецепта. Државните органи увидоа дека се работи за посебна техника и изработка“, кажува Филев.

Инаку, во далечната1924 година Јован Субанович,   руски емигрант од Бајкалското езеро, на семејствата  Талеви и Филеви им ја открил тајната рецепта за изработка  на оргиналниот бисер.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top