Охридскиот здравствен дом ќе се поднови

Нови возила и персонал во Охридскиот здравствен дом.

 |  Маленкова Татјана  | 
itna pomos
итна помош

Охридскиот здравствен дом по речиси една деценија ќе добие нов персонал, а ќе се поднови и со нови возила. Директорот Митко Дабески за ТВМ откри дека се бројат деновите кога четирите нови современи комби возила марка Пежо, кои ги обезбеди министерството за здравство, ќе ги заменат дотраените Мерцедеси и Лади.   Со ова ќе се овозможи охриѓани да добиваат побрза и подобра 24 часовна помош.     
Возилата наменети за итната медицинска служба во Охрид се дел од проект за набавка на 80 амбулантни возила на ниво на држава, како и едно возило специјално изработено за потребите на педијатрија.
Но, не само возила, охридската итна помош ќе се комплетира и со персонал.  Директорот Дабески, најави дека за отприлика еден месец во оваа служба ќе бидат вработени 4 доктори.  

„кај нас ќе се вработат 4 доктори, три доктори по општа медицина за итна медицинска помош и еден доктор MItko Dabeski специјалист по трудова. На 15 заврши конкурсот. Комисија имаше се направи записник и минатава недела ги испративме сите документи во министретвото за здравство. За специјалист по трудова медицина имаше само една апликација, а за другиве три места имаше 13 кандидати.  Сега министерството за здравство ќе треба да ни каже кога ќе полагаат јазик, и потоа кога ќе полагаат стручен испит. На крајот откако ќе се комплетираат документите ќе се направи записник и ќе се одлучи кој е најдобро рангиран, према успехот, јазикот, бодовите“, вели директорот на „Здравствен Дом“, Митко Дабески.

Кои од кандидатите ќе бидат новите доктори во Здравствен дом ќе пресуди комисијата во министерството за здравство, но додека тие размислуваат и одлучуват, тимот во Охрид се надева дека сите процедури брзо ќе завршат, затоа што во моментов за да се постигне се, се прават вон човечки напри.

„Очкувам што побрзо да завршат процедрите, затоа што во здравствен дом многу ни се потребни доктори кои што побзо ќе започнат со работа. А и плаќањето од фондот се состои од тим, а тимот е составен од доктор, сестра и возач, ние имаме сестри, шофери, немаме доктори и средставта од фондот по тимови ние е помал, е сега вака ќе ни се зголеми“, додава првиот човек на „Здравствен дом“.

Како што тргнаа работите на добро, останува да се надевама дека и долго најавуваниот „Здравствен дом“, ambulantni vozila конечно ќе дојде на ред.  Директорот Дабески оптимист дека министерот ќе си достои на  зборот и ќе го исполни ветувањето дека  по изградбата на болницата во Охрид ќе се гради и здравствен дом. Тој вели дека  објектот „Маларична“ е толку стар што не е исплатливо се поправа.  Неможе ни да се доградува, затоа што според детален план на овој дел е планирано да има зграда со седум ката.

„Надеж дава тоа што болницта е при крај, па ни останува да се надевема дека министертвото и министерот ќе си достојат на зборот, па од напролет ќе се започнат активности за изградба на новиот здравствен дом, кој би бил регионален ургентен центар“, вели директорот Дабески.  
Современиот Здравствен дом според проектот треба да се гради во кругот на Општа болница –Охрид на површина од 3000 м квадратни. За изградба на овој проект потребни се  2,3 милиони евра.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top