Охридскиот завод и музеј го одбележа Меѓународниот ден на музеите

Со низа проекти и реализирани активности Завод и музеј го одбележа Mеѓународниот ден на Музеите.

 |  Валентина Нелоска  | 
statua
статуа

Со низа проекти и реализирани активности Завод и музеј го одбележа меѓународниот ден на Музеите.

Во изминатиот период се направени или во тек се конзервации и санации на црквите Св. Никола во Косел и 40-те Маченици, санација на кровот на џамијата Хаџи Хамза, се зајакнува статиката на куќата на Уранија, се препокри кровот на куќата на Робевци, се санира Управната зграда ова се само дел од реализираните проекти  со кои Националната установа Завод и музеј го одбележува Светскиот ден на музеите.

muzej„Покрај  овие проекти, Институцијата ги издвојува и активностите околу доизгрдбата на  Музејот на вода, археолошките ископувања на Самоилова тврдина, Киклопските ѕидини и Плаошник“, вели првиот човек на установата Тања Паскали Бунташеска.

Министерството за култура не штеди пари  за дореализација на започнатите проекти, но и за отпочнување нови. Годинава се одобрени  40 милиони денари за проекти во сите дејности.

„За археолошкиот локалитет Плаошник и возобновувањето  на Св. Климентовиот универзитет, Владата има одобрено 6 милиони евра, парите ќе се добиваат во зависност од тоа како ќе течат ископувањата вели Бунташеска.

За Киклопските ѕидини се одобрени како и лани 2 милиони денари, а дополнително ќе се прават пресметки и за средства потребни за доизградба на Музејот на вода, за кој според проектот треба да се доизгради платформа со уште 16 дрвени колиби. Од Завод и музеј се задоволни од посетеноста на туристите на нивните објкети.

Инаку Светскиот ден на музеите оваа национална установа го одбележа со отварање на 19-та традиционална  изложба. Во Галеријата на Робевци се изложени уметнички дела од македонски и светски уметници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top