Охридскиот затвор место за ресоцијализација

Охридскиот затвор воглавно функционира без проблеми, информираат од оваа установа. Во моментов, затворска казна издржуваат 18 осуденици кои ги имаат сите потребни услови во однос на сместување, исхрана, здравствена заштита дури и телефонска комуникација.

 |  Николоска Биљана  | 
zatvor
затвор

zatvorОхридскиот затвор е едниствената казнено поправна установа за малолетни лица во земјава. Отворен за соработка директорот Стефан Трпеноски, ни откри како работи ова установа во поглед на затворските, односно притворските услови на лицата кои издржуваат казна за разни кривични дела. Трпеноски во брифинг за ТВМ потенцираше дека затворот е составен од два дела затвор и притвор. Притворените лица се во надлежност на судовите на градовите од каде што доаѓаат, односно од Охрид, Струга и Дебар, додека пак затворот има обврска да се грижи за сместување, исхрана, пружање здравствена заштита и спроведување на притворениците во делот на судската постапка. Притворот и затворот физички се одделени. Притворот располага со капацитет од 25 места и во моментов ги задоволува потребите, вели директорот.  Тој нагласи дека притворот е реновиран во 2008 година и условите за работа се едни од најдобрите во Р. Македонија. Додека пак затворот има капацитет од 35 места и во моментов затворска казна одлежуваат 18 лица. Затворот има 6 соби сите опремени со ТВ приемник, ДВД плеер  и компјутер, на располагање затворениците имаат голема теретана и ТВ сала, како и  адаптиран терен за спортски активности.
zatvorЗатворениците имаат и редовна здравствена заштита со доктор специјалист од ЈЗУ Општа болница Охрид. Но најмногу директорот на охридскиот затвор ја истакнува ресоцијализацијата, за што имале и посебен сектор каде се изведуваат едукативни предавања на затворениците. Според Трпеноски многу внимание посветуваат на работно ангажирање на затворениците, што пак се смета за најважен процес во ресоцијализацијата. Во моментов 9 лица се работно ангажирани. Сабота и недела се денови за посета. Времетраењето на истата час, два или повеќе, на секој затвореник индивидуално му се одредува, според заслугата.
Но она што е најважно и што треба како податок да се истакне е фактот, дека од 2009 година откако на директорската позиција во охридскиот завор е Стефан Трпеноски немало обиди за бегство, ниту пак обид за самоубиство на затвореник.
И за крај, според првиот човек на оваа установа може да се каже дека охридскиот затвор во споредба со останатите затвори во Македонија на осудените лица им пружа солидни услови за издржување на затворската казна.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top