Охридскиот театар институционализиран

Направен е голем чекор во заживувањето на идејата за охридскиот театар.

 |  Крсте Голабовски  | 
Goran Stojanovski
Горан Стојановски

teatar
За прв пат се издвоени средства од буџетот на општината. Ова е само зародиш на идејата, за чија целосна реализација ќе биде потребна помош и од државата.

„На Охрид му е потребен, различен, проевропски театар, театар како институција, јавен сервис кој ќе биде во функција на граѓаните“, изјави Горан Стојаноски подржувач на идејата за формирање професионален театар во Охрид.

Овој театар треба да има сопствен буџет и да функционира како институција во која ќе работат луѓе кои ќе прават театарски претстави. Советот на општината донесе одлука за финансирање професионален театар. Издвоени се финансиски средства па со тоа започнува реализацијата на идејата која долго време чекаше да застане на свои нозе. Што се однесува до кадровската и техничката опременост, Стојаноски потенцира дека секој момент се подготвени за работа. Актерите се тука, опремата која е  донација од Холандија, осумдесетина рефлектори, како и тонски средства кои се потребни за функционирање на театарот е на располагање. Министерството за култура ја финансира театарската претстава „Европа“ во Охрид и со тоа се очекува да се издвојат средства од буџетот за култура за 2011 година. Овој потег со издвојување на конкретни средства за театар дава надеж дека работите нема да застанат. Овој месец треба да се започнат и сондажите и тестирањата потребни за креирањето на репертоарската политика.

„Навиката за одење на луѓето во театар претставува еден социјален чин. Театарот пак со сиот свој потенцијал му помага на граѓанинот да ѕирне малку во себе и придонесува во изградба на неговиот дигнитет“, додава Стојаноски.

Отука и нужноста од потребата за реализација до крај на оваа идеја. Инаку првата претстава на професионалниот театар, премиерата на претставата „Европа“, ако се оди според планот, охриѓани ќе може да ја погледнат во месец април.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top