Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

За време на наставно научната екскурзија во Прага, кај шест охридски гимназијалци, пронајдена опојна дрога –  марихуана.

 |  Татјана Маленкова  | 

Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето.

Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се дисутира на наставно научен совет и дека ова тело треба да ја одлучи кои казнени марки ќе бидат изречени за децата, се разбира доколку се докаже нивната инволвираност во случајот.


Дознаваме дека по истрагата која во моментов ја води СВР, ако се потврди вмешаноста, тогаш многу голема е веројатноста е овие ученици од трета година да бидат отстранети од училиштето. Сепак крајниот збор ќе го даде наставно научниот совет на училиштето на крајот на следната недела.    

Инаку Обезбедувањето на хотелот во кој престојувала групата охридски гимназијалци кои биле на екскурзија во Прага, затекнала 6 ученици со опојна дрога – марихуана во една од собите на хотелот.
Организаторот на патувањето го пријавил случајот до охридската Гимназија од каде е известена и полицијата во Охрид.
Учениците се вратија во Охрид во саботата навечер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top