Наскоро најавуваат голема донација која ќе им го подобри живеењето на многу луѓе во градов.
Продолжуваат хуманите дела на Ротари клубовите.
Викендов во Охрид престојуваше првиот човек на Ротари клубот од Анкара, Турција кој најави збратимување со охридскиот клуб. Горан Балески , Претседател на Ротари клуб- Охрид најавува голема донација која на многу охриѓани ќе им го подобри животот. Сепак, вели: рано е да откриеме за што точно станува збор.
На нашите средби постојано разменуваме нови идеи со чија реализација веруваме дека ќе им помогнеме на луѓето на кои помошта им е најпотребна, велат ротаријанците.
Ротари клубот од Турција, во рамките на својата посета на Македонија, на гинеколошко- акушерското одделение во битолската Општа болница донира мобилен инкубатор.Тоа ќе придонесе за намалување на смртноста кај новороденчињата.
Тоа е и годинешното мото на Ротари клубовите низ светот: „ Да помогнеме да се остварат детските соништа“, објаснува Мирко Велкоски од битолскиот Ротари клуб. Се донираат средства кои ќе им овозможат посветла иднина на најмладите.
Охридскиот клуб работи веќе пет години и е дел од Интернационалниот Ротари. Тоа е здружение основано во Чикаго во 1905 година. Подоцна се формирале клубови и во многу други градови во САД и во Европа. Денес има околу 32.000 ротари клубови во околу 200 држави.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град