Охридските првачиња од етничките заедници го скокнаа часот по македонски јазик

Првачињата  од албанската и турската етничка заедница во основното училиште „Братство- Единство„  не одржаа час по македонски јазик.

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла

Првачињата  од албанската и турската етничка заедница во основното училиште „Братство- Единство„  не одржаа час по македонски јазик.

uceniciДва дена по решението на Министерството за образование во наставната програма за првачињата од етничките заедници да се воведе и изучува македонскиот јазик, првачињата го скокнаа овој час. Ситуацијата на ниво на  Републиката се рефлектира и во нашето училиште, објаснува Осман Османи, директор на оваа образовна институција. „Родителите не се согласуваат децата да учат на 6 годишна возраст три јазици во прво одделение. Мој впечаток е дека не станува збор за одбојност кон македонскиот јазик туку дека децата не можат да го издржат тој товар“ кажува Османи.

Покрај 29-те ученици од албанските паралелки во прво одделени, во ова основно училиште настава во прво одделение посетуваат и 19 првачиња  од турската етничка заедница. И во оваа етничка група родителите не се изјаснале дали се подготвени нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик.

Засега родителите на првачињата од двете етнички заедници преку одделенските наставници изразиле  усмено несогласување  децата да  изучуваат трет јазик. Разрешување на дилемата ќе има деновиве по одржувањето на задолжителните  родителски средби, нагласува директорот Османи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top