Oхридските пратеници на гости во „Охридско лето“

Oхридските пратеници на средба со директорката на фестивалот„Охридско лето“. Тие се уверија дека се е подготвено за отварањето на 54тото издание на овај светски познат фестивал.  Ветија дека развојот на културата во градов и во наредните четири години ќе им биде приоритет во работата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
fakel oh leto
факел ох лето

Oхридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски гости во „Охридско лето“. Тие со директорката на фестивалот  Елизабета Јанкуловска при посетата разговараа за условите и начинот на работа на оваа национална установа, како и за напорите што се прават за уште едно успешно фестивалско издание. Констатирале дека фестивалот од година во година е се поуспешен бидејќим ги носи најголемите светски имиња од светот на културата во Охрид.концерт

Предизвикот што го имавме минатата година со добивање на највисоката награда за туристички настан за 2013 година за нас беше поттик да направиме нешто што ќе биде уште подобро. Меѓу другото се концентриравме на две полиња. Едното беше средување на сите прашања кои беа врзани со финансиските обврски на установата, а другиот дел беше поврзан со реализација на уште подобра и поуспешна програма, изјави Јанкуловска.

Јанкулоска кажа дека сето тоа не ќе се постигнело без поддршката од Министерството за култура, од Управниот одбор, од вработените, како и од охридските пратеници. Пратеникот Сашо Василевски изрази задоволство од средбата со менаџерскиот тим на фестивалот и кажа дека програмата што е испланирана за годинешното 54-то издание е доказ дека фестивалот уште еднаш ќе брилјира. otvaranje oh leto

Големо задоволство е што можеме да констатираме дека ветеното околу изградбата на кровните конструкции на Долни Сарај и Антички театар се успешно реализирани, така што „Охридско лето“ пополека најавува дека ќе има сцена по сите светски стандарди, рече Василевски,

Тој најави дека следната година ќе се уредува просторот околу самите бини.
Пратеникот Александар Николовски пак рече дека развојот на културата во градот и во наредните четири години ќе биде приоритет на охридските пратеници.

Ќе се заложиме Охрид да добие репрезентативен затворен објект. Тоа значи постојниот објект кој го користат културните институции да биде надграден и модернизиран. И „Охридско лето“, и Охридската библиотека и Охридскиот театар, и изложбениот салон, но и киното и другите институции да имаат поубава и порепрезентативна зграда, рече Николовски.

Остануваат уште четири дена до отварањето на годинешното фестивалско издание на „Охридско лето“ со настапот на светски познатите музички имиња Барбара Фритоли и Лео Нучи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top