Охридски пиво фест, втор пат

Промотивна забава на брендовите квалитетно пиво и богат музчки избор.

 |  Крсте Голабовски  | 

Од вечерва па во наредниве три дена, Охрид ќе се забавува во ритамот на второто издание на Фестивалот на пивото. Сите љубители на пивото и урбаната забава ќе може да уживаат во богатата музичка понуда со Тони Зен, Сека Алексич, Парти Брејкерски, Супер Хикс и други, а сите љубители на пивото и урбаната забава, овој мега-ивент ќе може да го проследат бесплатно.

Второ издание на Охридскиот „Пиво фест“. Веќе традиционално, по втор пат „Герила Маркет“ од 28-31 јули на локацијата Биљанини извори ќе го организира „Пиво фест“ каде на повеќе од 8000м2 организаторите очекуваат уште поголема посетеност од минатата година.

Годинава просторот е зголемен за 30%, за поголем комфор на бројната публика која ја очекуваат. Овогодинешното издание ќе трае 4 ноќи кои ќе бидат исполнети со врвна програма и врвни гости. Инаку станува збор за викенд во кој ќе се случат голем број културни настани. Минатата година за време на првото издание дојде и до поклопување на два музички настани, што во голема мерка придонесе за намалување на квалитетот на првото издание на овој фестивал. На прашање за тоа дали во предвид доаѓа промена на терминот, со цел своевидно продолжување на туристичката сезона, од организаторите децидни.

„ Поентата на самата промоција е во тоа што треба да биде во ек на сезоната. Јас не знам дали сите учесници ќе сакаат да учествуваат во нешто кога нема туристи или голем број луѓе и и така“ вели Даниел Димитровски, од организаторите.

Иако станува збор за настан, кој организаторите би сакале да се случи во најударниот викенд од сезоната, од Локалната би требало да размислат за тоа да се изнајде модус за пролонгирање на туристичката сезона. Општо е познато дека после Втори август и настаните кои се случуваат во овој продолжен викенд, драстично се намалува нивниот број до самиот крај на сезоната. Исто така минатата година, после првото издание на овој промотивен музички настан, беше потребно доста време да се доведе во ред просторот каде настанот се случуваше. Годинава, организаторите ветуваат дека уредно ќе си ги исполнат своите обврски.

„ Просторот ќе биде исчистен, среден, вратен во првобитната сосотојба и оплеменет да учествуваме и ние во оплеменување на овој простор секако“, велии Димитровски.

За фестивалот на пивото, сите производители на пиво, сите увозници на пиво, ќе одредат пониски цени од комерцијалните, бидејќи пред се, Охридскиот Пиво фест не е комерцијален настан.Станува збор на претставување на сите брендови пиво во Македонија, велат организаторите. Годинава на фестивалот што ќе трае 4 дена ќе настапат Партибрејкерси, Поздрав Азри, Рибља чорба, Тони Зен, блех оркестарот Черкези и српската фолк ѕвезда Сека Алексиќ. Организаторот очекува Пиво фест 2011 да го посетат над 100.000 луѓе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top