Охридските пензионери не заинтересирани за „набана“

Бесплатната седумдневна бањска рекреација  со 6 полни пансиони, бањска терапија, еден здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење до бањата не се привлечни за охридските пензионери. Најчесто нивно објаснување е дека немаат потреба од бањско лекување.

 |  Валентина Нелоска  | 

Бесплатната седумдневна бањска рекреација  со 6 полни пансиони, бањска терапија, еден здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење до бањата не се привлечни за охридските пензионери.

penzioneriНајчесто нивно објаснување е дека немаат потреба од бањско лекување.
Слаба е заинтерсираноста на   пензионерите  да користат бањско лекување потврдуваат и од здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

Симон Јаковлев секретар на Здружението појаснува дека тоа  се должи на  два клучни фактори,  нискиот животен стандард и хроничните болести на пензионерите.  
За 5 дена од почетокот  на пријавувањето на пензионерите за бесплатно бањско лекување во охридската подрачна единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се поднесени само 14 барања вели раководителот, Самет Ризвани. Барањата се доставуват кај нив, а  целокупната документација ќе се разгледува од посебна Комисија во Скопје.
Инаку, за бесплатното бањско лекување заинтерсираните пензионери  апликациите ќе може   да ги доставуваат  до крајот на месецот. Оваа можност за пензионерите Владата ја најави  во почетокот на декември, а се планира  за 10.000 пензионери да се  потрошат од буџетот околу 1,5 милион евра. Пензионерите кои ќе ги исполнуваат критериумите ќе може веќе од  февруари, па се до ноември идната година, но само еднаш во текот на  годината,  да престојуваат во еден од седумте бањски центри во државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top