Охридските пензионери највпечатливи на регионалната фолклорна ревија

На ревијата учество зедоа 10 културно-уметнички друштва, а се пееја староградски песни, ора и изворни рефрени.

 |  Мишел Наумоски  | 
penzioneri
пензионери

Пензионерите од Охрид и Дебрца со впечатлив настап на 12та регионална фоклорна ревија на песни, музика и игри.

penzioneri folklorna revijaНа оваа традиционална фолклорна манифестација се претставија 10 културно  уметнички друштва од исто толку градови. Фолклорните групи во три-часовната програма пееја староградски песни и ора и изворни рефрени. Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца настапи со шест староградски песни и ора со постановката ,,На сараишче“. Охридското здружение на пензионерите имаше највпечатлив настап и во изборот на староградската носија карактеристична за нашето поднебје. Фолклорната ревија ја следеше и жири комисија која вршеше избор на најдобрите фолклористи и на кои  им беа врачени благодарници. 

Најдобрите ќе настапат на републичката фолклорна ревија која од минатата година,  од  Министерството за култура е прогласена за национална културна манифестација, која го негува староградскиот и изворниот народен мелос.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top