• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност

Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност

Пензионерите сметаат дека прирачникот навистина ќе им користи.

 |  Мишел Наумоски  | 
priracnik
прирачник

Пензионерите од Охрид и Дебрца добија прирачник со практични совети, мерки и постапки како да превенираат станување на лесна мета на извршители на кражби и други кривични дела. Насловен како „Внимавајте на вашата безбедност“, прирачникот според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски има за цел да делува превентивно и да ги заштити пензионерите и повозрасните лица.

priracnik bezbednost„Да се обидеме на овој начин да ја подигнеме свеста на пензионерите и воопшто на повозрасните луѓе дека треба да посветат повеќе внимание на својот личен имот, паричник, ташна, но и на предметите кои што ги поседуваат во домовите. Овој прирачник содржи практични совети како тие да се постават пред се превентивно за да се заштитат самите себе. Како да ги препознаат интригите кои што ги користат сторителите на разни кривични дела, како да се постават пред банкоматот и безбедно да ги подигнат своите пари, пензии и на кој начин да го препознаат однесувањето кога станува збор за обид во кој тие се можна цел и жртва.“-вели Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Во самата изработка на прирачникот, покрај Одделението за превенција при СВР Охрид активно се вклучиле и пензионерите од Здруженијата од Охрид и Дебрца и пензионерите од Струга.

bezbednost penzioneri„Сметаме дека навистина е убав прирачник овој кој што ќе помогне за да бидат заштитени постарите лица и пензионерите од кражби, од измами, во тој дел ќе им помогне и денес ќе им бидат поделени на поголем број пензионери примероци од овој прирачник, да биде пристапен за да можат барем во одредени моменти сами да се заштитат, како да се заштитат. Во тој прирачник се навистина прикажани работи кои што се наменети за оваа популација на граѓани.“-рече Ѓорѓи Трпчески-Претседател на Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца.

Инаку прирачникот „Внимавајте на вашата безбедност“ е резултат на проектите што во оваа насока ги реализирало Министерството за внатрешни работи преку вакви и слични кампањи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top