Охридските парламентарци во Трпејца

Тие сакаа лично да слушнат за проблемот на Трпејчани, во врска нивните барањето за почитување на Законот, при користење на просторот на територијата на месноста.

 |  Николоска Биљана  | 
nikolovski
николовски

 

Во битката за профит, некој посегна по најсветите нешта, Македонската православна црква. Доказ за тоа е најновиот атак врз параклисот и светриот камен во туристичката населба Трпејца, реагираат пратениците на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски и Харалампие Шокароски, како и претседателот Атанаско Михаилов и координаторот на ОК Дејан Паноски. Николоски вели дека згрозени се од најновите случувања во Трпејца и дека се тука меѓу мештаните за да го решат проблемот.

trpejca krst„Дополнително да биде иронијата уште поголема, тој кој што посегнал по оваа работа, е истиот кој што бесправно гради на брегот на Охридското Езеро и во селото Трпејца се со цел, личен профит. Затоа НП „Галичица“ и општина Охрид излегле на терен и општината утврдила дека бесаправно се гради и соодветно на тоа констатирала  дека објектите треба да бидат срушени, втората работа која што е заклучивме е да побараме од општина Охрид да го изврши решението кое сама го донела а тоа значи да ги сруши двата бесаправно изградени објекти. Образложението на општината дека нема средства во буџетот не држи, заради тоа што општината е должна да ги извршува своите решенија и товарот за рушење оди на товар на инвеститорот“.

Имаме мака од општествен карактер, вели Ристо Климоски, од Трпејца. Бараме спроведување на решението за рушење кое општината го донела на  14. јули.2011, додава тој. Климоски кажа „Како можеа да срушат 100 викендички во Трпејца а сега тоа не можат да го направат со 2“.

maketa paraklis„Ние бевме во општина и една единствена изјава им беше, немаме средства. Ние му кажавме дека ние ќе му дадеме средства, се зачудија и мислеа дека се шалиме и побараа инвеститор за рушење, ние рековме дека за пет дена ќе донесеме овластен инвеститор да руши. И потоа не знаеа што да кажат ни побараа обновување на делото“.
Вчерашниот настан ги вознемири сите Трпејчани. Посебно приватното обезбедување на инвеститорот кои насилнички пристапиле, се заканувале со тепачка кон луѓето, вели Пере Ангелоски од Трпејца.
„Лицето Петрески Сребре сопственик на објектот кој го купи од „Охридска пастрмка“, поранешна фирма која стопанисуваше со Охридското езеро во површина од 120 метри квадратни, без поседување на никаков документ за изведување на градежни работи вчера самоиницијативно, самоволно донесе една екипа на приватно обезбедување и екипа за рушење. Имено групата за обезбедување беше насочена да ја заштити групата донесена тука за рушење на работи кои ние, селото, месната заедница ги имавме направено на нашето свето место со векови наназад тоа место било свето и ден денес е останато свето.“
Советниците порачаа за две недели до месец дена најдоцна, да се рушат спорните објекти. А се понудија и за помош, поточно предложија да се направи ребаланс на општинските буџетски средства, во кој што средствата за репрезентација, да се пренаменат за рушење на дивоградби. Инаку, Трпејчани составија петиција од 277 потписи која им ја дадоа на охридските парламентарци од редовите на владејачката партија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top