Охридските основци весело и разиграно за Денот на планетата земја

Од модни ревии, садење на цвеќе, до возење велосипед, ролерки и пешачење, како и изработка на најразлични предмети од рециклирачки материјали.

 |  Мишел Наумоски  | 
Grigor izrabotki
Григор изработки

Основните училишта во Охрид, денес, во знакот на екологијата и рециклирањето. Со својата несопирлива креативност, денес, на денот на планетата земја тие пренесоа еколошки пораки, секое училиште на својот начин. Во основното училиште „Христо Узунов“ малите основци, заедно со своите наставници возеа велосипед и ролерки до месноста Горица.

velosiped HristoПод мотото „Можеме и без автомобили“ тие сакаат да ја подигнат еколошката свест не само кај учениците, туку и воопшто кај сите граѓани.

„Како љубител на велосипедот, кој многу често го користам како средство за движење низ нашиот град, би сакала да апелирам за новиот градоначалник и сите оние кои се инволвирани и одговорни за организирањето на користење на велосипедите во нашиот град да се обрне внимание повеќе на патеките за велосипеди, не само да бидат формално, линии нацртани, туку навистина да се направат, да се осмислат добри патеки по кои што ќе се возат сите љубители на велосипедизмот во градов.“-вели Јулијана Шишкоска, професор во ОУ „Христо Узунов“.

revija Bratstvo EdinstvoИ учениците од ОУ „Климент Охридски“ со велосипеди во борба против загадувањето на планетата земја. Основците од ова училиште, заедно со наставниот кадар и родителите, некои со велосипеди, а некои пеш со еко-транспаренти во рацете, тргнаа од градскиот плоштад кон месноста Горица. Славица Илиќ, директорката на ова училиште, вели дека целта е да се испрати една симболична порака кон сите граѓани, а тоа е што помалку да се користат автомобилите во нашиот град, како би се сочувал чист и незагаден. Весело и разиграно во ОУ „Братство Единство“-во населбата Лескајца. Децата со свои изработки, направија убава еко-модна ревија. Покрај модната ревија, во „Братство Единство“ се садеа и цвеќиња, а се организираа работилници со еко содржини. Во настанот учествуваа и двете подрачни единица од „Братство Единство“, а еве што е целта на акцијата.

Grigor izrabotki„Основната цел е подигнување на еколошката свест кај учениците од најмали нозе, да размислуваат што е добро, а што е лошо за планетата земја и секако со добри дела, со лично нивни дела да се вклучуваат во заштита на планетата земја.“-рече Јулијана Алексоска, професор во ОУ „Братство Единство“.

Модна ревија имаше и во „Григор Прличев“, а покрај тоа, имаше и многубројни штандови со изработки од рециклирачки материјали, од хартија, пластика, стакло, дрво.

„Со оваа акција самите наши ученици во текот на претходната недела изработуваа предмети кои што ќе ги покажат на своите штандови, а има и свои креации кои ќе ги одбележат и ќе покажат колку учениците можат да бидат креативни и успешни во подигање на еколошката свест за понатамошно нивно помагање.“-изјави Анастасија Настоска, професор од ОУ „Григор Прличев“.

Инаку, Светскиот ден на планетата земја за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top