Охридските основци покажаа фантастични резултати на регионалниот натпревар по математика.
На регионалниот натпревар по математика кој се одржа викендов во универзитетот за информатички технологии, основците од деветте училишта од регионов покажаа фантастични резултати. Дел од натпреварувачите проговорија за тоа како и колку се подготвувале за натпреварот.
„Имав 100 бодови. Се спремавме заедно со наставничката и со уште неколку другарки околу еден месец. Вежбавме цело време и можам да кажам дека иако задачите беа тешки ние успеавме да ги решиме затоа што имавме слични решавано и успеавме да се снајдеме“, вели ученичката од ООУ Григор Прличев, Анастасија Игњатовска.
„Благодарение на учителката ги решив задачите. Ни дадоа пет задачи ги решив сите, неочекував но ги решив“, вели Харитина Сакова, ученик ООУ Братство Единство.
И организаторот на натпреварот задоволен од резултатите кои ги покажаа охриѓани. Претседателот на математичари на град Охрид, кој е дел од здружението на математичари на ниво на Македонија, вели дека учениците од охридскиот регион и годинава покажале дека се добри математичари.
„Оваа година беше подобро отколку претходните. Особено со учениците од осмите одделенија каде интересот порано беше помал. За разлика од некогаш годинава резултатите беа позавидни“, вели претседателот на математичари на град Охрид, Борис Лушев.
Лушев открива дека на 30 тиот регионален натпревар учествувале вкупно 94 учесници од 9 училишта. Учесниците на натпреварот добиле по пет задачи од кои секоја се бодувала со по 20 поени.
„Задачите се надвор од настава. Овие се многу потешки задачи. Изборот на задачите се прави од здружението на математичари односно од институтот за математика при
природно математичкиот факултет во Скопје и тие ни стигнуваат еден час пред испитот. Така да шансите за да се пробијат се многу мали“, додава Лушев.
За учениците кои освоија прва награда нема одмор. Сега тие имаат еден месец за да се подготват за државниот натпреват кој ќе се одржи во Битола.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град