Охридскиот Народен театар ви ја претставува „Ајде да си речиме уште една“

Ова е четврта премиера, за само осум месеци од работата на оваа устанува. Претставата зборува за тоа со колкавав ентузијазам и љубов работи оваа група на луѓе која ја носи тетараската уметност поблиску до охриѓани. 

 |  Крсте Голабовски  | 
teatarska pretstava
teatarska pretstava

Селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање или тетарска претстава која на охридската публика ќе и понуди несекојдневна забава и уживање. Охридскиот Народен театар, ви ја претставува четвртата охридска премера насловена „Ајде да си речиме уште една“.
Станува збор за своевиден мјузикл, работен два месеци, кој го поставува прашањето за народното творештво, вели Горан Стојаноски – директор на Н.У. Охридски Народен Театар.
teatarska pretstava
„Претставата е работена два месеци, ова е веќе четврта нејзина изведба, премиера може да се каже и она што е многу битно за оваа претстава е дека е правена според принципите за задоволување на народот“, вели Стојаноски.

Авторот и режисер на претставата, Андреј Цветаноски објасни дека претставата може да ја гледаат сите гледачи од различна возраст, и истата
во целост се заснова на потеклото на песните, со акцент на приказните, кои народните песни ни ги раскажуваат, како и ликовите опеани во нив, за истите да се погледнат од друг малку поинаков агол.

pres„Претставата е инспирирана од народното творештво, кое како што знаеме се пренесува усно, и тој начин на пренесување секогаш доживува некакви модификации на песните. И оттаму тргна идејата за претставата, какви се тие модификации, кои се тие луѓе за кои се пее во песните, какви биле тие, бидејќи во нашата традиција се обидуваме да ги поставиме тие јунаци на еден пиедестал, како вистински херои, но ние се обидовме да ја разгледаме нивната човечка страна“ објасна Цветановски.

Инаку, оваа претстава пред Охридската публика ќе ја доживее својата четврта премиера, после премерите во Вевчани, Кичево и Македонски Брод. Реализирана е со поддршка на Н.У Центар за култура од Охрид“, Југозападниот плански регион и Н.У „Охридско лето. Премерата е на 07,12, оваа сабота, а цената на влезницата изнесува 150 денари. Од театарот најавија изненадување за публиката која ќе биде присутна на саботната премиера.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top