Наградените ученици од музичкото училиште Методи Патчев на прием кај градоначалникот Петрески.
Наградените ученици од музичкото училиште Методи Патчев на прием кај градоначалникот Петрески.
Ангел Дулевски е еден од 15 –те ученици од музичкото училиште Методи Патчев, кои освоија награди на државниот и двата меѓународни натпревари, а кои денес имаа средба со градоначалникот Петрески. Дулевски го изучува инструментот кларинет во класата на професор, Трајче Теменуговски. На државниот натпревар во Скопје освоил прва награда по солфеж и 3 по кларинет. Кажува дека никој од неговите не свири на музучки инструмент. Негов бил изборот д а го изучува кларинетот затоа што му е омилен инструмент и секојдневно вежба по 2 часа.
Професорот по кларинет, Трајче Теменуговски е задоволен од освоените награди по различни инструменти, на 15 –те ученици од нивното музичко училиште. И професорот Теменугов потенцира дека за овие успеси треба премногу работа и секојдневно вежбање.
Во Охрид има голем број талентирани ученици , а само мал дел продолжуваат во средните музички училишта пред се заради финансиски причини вели директорката на музичкото училиште „Методи Патчев“ , Нина Момироска. Отварањето на средно музчико училиште кое го најави градоначалникот Петрески ќе биде од голема важност за сите нас вели Момироска.
Денешнава средба со вас ми е најубавата честитка за вториот градоначалнички мандат, истакна на приемот со наградените ученици Петрески. Вие и понатака ќе ја имате подршката на локалната самоуправа за остравување на понатамошни успеси истакна тој на средбата.
15 –те ученици на 47-миот државен натпревар, кој се одржа во Скопје учениците од ОМУ “Методи Патче” освоија 7 први, 3 втори и 4 трети награди. Први награди освоија: Александар Лолески – флејта, Филип Гаврилоски – хармоника, Стефани Дудиќ, Петар Паскали, Миланка Новеска, Катерина Маркоска и Ангел Дулевски по солфеж. Втори награди освоија: Софија Паскали – флејта, Теодор Љушкоски – кларинет и Петар Кочоски – хармоника.
На меѓународните натпревари во Белград, на натпреварот по флејта Александар Лолески освои 1 награда и Мелани Момироска 2 награда.
Милеска Анастасија, пак во Лесковац освои 1 награда по гитара.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град