Министерството за култура повеќе од 4 години нема одвоено пари за експропријација на објекти на кои се откриени различни археолошки наоди. Нетрпеливи стануваат и сопствениците на објектите кои чекаат да се решат имотните односи.. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, изјави за ТВМ дека нивната институција конкурирала со проект за 2012 година за одобрување на финансиски средства за оваа намена.
Од Завод и Музеј не откриваат колку пари побарале од ресорното министерство. Кратко велат дека ќе чекаат на одлуката до март идната година дали ќе добијат пари за експропријација на ваквите објекти.
Директорката Паскали Бунташеска кажува дека на расчистување на имотно правните односи чекаат вкупно седум локации, меѓу нив е и локалитетот Манчевци. На расчистување чека и просторот околу Античкиот театар
Стариот дел од градот е богат со археолошки остатоци од разни периоди и не ретко при градежните зафати се наидува на нови археолошки наоди.
Неодамна при градежни зафати на приватна локација на улица Илинденска е откриена ранохристијанска базилика која датира од 5 и 6 век открива Паскали Бунташеска. Директорката појаснува дека локалитетот треба да се истражи и да се одредат границите до каде се протега базиликата. Но, пари за овој локалитет ќе се побараат дури со проект за 2013 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град