Охридскиот Менхетн ќе ја извади општината од долгови

Се интензивираат градежните активности за изгадба на Охридскиот Менхетн. Со неговата изградба општинската каса од комуналии ќе се офајди со минимум 10 милиони евра. Градоначникот ги побива тврдењата на туристичките работници дека 2000-те стана од овој комплекс ќе ја загрозат работата на хотелите. 

 |  Татјана Maленкова  | 
gradezni raboti
градежни работи

naselba OhridijaСе интензивираат градежните активности за изгадба на Охридскиот Менхетн. Со неговата изградба општинската каса од комуналии ќе се офајди со минимум 10 милиони евра. Градоначникот ги побива тврдењата на туристичките работници дека 2000-те стана од овој комплекс ќе ја загрозат работата на хотелите.  

Градежните активности кај Охридија во месноста Бејбунар се интензивираат. Градоначалникот Александар Петрески вели дека реализацијата на комплексот оди поспоро поради економската криза која не зафати. „Охридија е приваттен посед. Тие одлучуваат кој и како ќе гради. Ние само сугерираме градбите да бидат согласно донесениот урбанистичкиот план“, вели градоначалникот.

„ Сигурно ако се реализира се миинимум 10 милиони евра ќе влезат во општинската каса. Со тоа ќе се расчистат старите долгови на општината и ќе влеземе во втората фаза на децентрализација“, вели Петрески.

Петрески вели дека пропаднеле ноговите предвидувања дека во февруари и март ќе бидат расчситени долговите на општината, затоа што поради економската криза банките тешко им даваат средства на инвеститорите, а со тоа и рабоатата оди поспоро.

„ Барам од владата да ми даде позајмица или кредит со чиста мисла бидејки знам дека кредитот навремено ќе го вратам“, вели градоначалникот.

Петрески излазот на Охрид го гледа само во инвестирање во инфраструктурата. „Тоа носи единствен напредок, бидејки се друго е замрено“, вели градоначалникот. Тој го побива тврдењето на некои туристички работници дека становите кои ќе се изградат ќе го доуништат туризмот во Охрид затоа што ќе им ја превземат работата на хотелите.
„Становите и хотелите во Охрид не може да си конкурираат. Ние овде не разговараме за ништо друго туку за елитен туризам. Како еден стан ќе му биде конкуренција на еден хотел? Тоа не може. Охрид прераснува во елитен туристички центар“, додава градоначалникот.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top