Охридски матурски „квадрил“

После едномесечните подготовки, денес, сите 400 охридски матуранти со синхронизиран настап.

 |  Мишел Наумоски  | 
maturanti
матуранти

Охридскиот плоштад денес зрачеше со позитивна енергија. Точно на пладне, буквално сите охридски матуранти го изиграа матурскиот танц. 400 деца во сини и црвени маички заедно со нивните врсници од неколку европски земји го играа „квадрилот“, а и добро се забавуваа. Оваа година помасовно од било кога матурантите од нашиот град, потоа од Струга, Ресен, Струмица, Гевгелија и Скопје, тргнаа во поход кон Гинисовиот рекорд во групно танцување. Еве дел од нивните импресии.

maturanti tanc„Супер беше, прекрасно. Малку беше напорно, ама сепак одлично. Се надевам и дека ќе го срушиме рекордот.“

„Не беше воопшто тешко. Вежбавме околу месец дена, малку беше потешко да се запаметат чекорите, ама успеавме. Се надевам дека ќе го собориме рекордот, секоја година е се подобро и подобро.“

Како и во изминатите години, охридските матуранти и оваа година со одлична изведба и повторно под будното око на професорката по физичко воспитување Соња Думбалова-Делова.

„Јас сум премногу задоволна од изведбата затоа што оние норми кои што ги барав јас, матурантите ги постигнаа сите беа дисциплинирани на пробите. Се надевам дека ова ќе им биде едно добро сеќавање од гимназиските денови, а исто така ја користам приликата на сите родители да им го честитам овој ден.“-вели професорката Соња Думбалова-Делова.

kvadril maturantiСвое обраќање пред матурантите имаше и градоначалникот Александар Петрески. Тој најнапред им ја честита матурата на сите матуранти, а потоа ги поучи дека сега веќе треба да започнат една нова етапа од нивните животи.

„Сега тие поминуваат во возрасните години каде што ги чекаат тешки одлуки, каде ќе се запишат на факултет, исто така треба да го завршат факултетот, после треба и оформување на фамилија и ние би посакале и сакаме, тоа и им го пренесов на матурантите, да завршат факултет и да се вратат повторно во Охрид и дека иднината на Охрид понатаму е во нивни раце. Значи да се вклучат комплетно во градењето на иднината и на Охрид, и на Република Македонија. Јас мислам дека и покрај сите проблеми има сила во овие генерации тоа да го направат.“-рече градоначалникот Петрески.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ во Љубљана. „Матурската парада“ е истовремено играње на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ и се игра во четири слики: Панталон, Ете, Пасторел и Финале. Од година во година бројот на градови и матуранти расте, па да им посакаме на овогодинешните матуранти овој танц да им биде за Гинис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top